Молдавија забрани истакнување руски воени симболи

од Nikola Popovski
174 прегледи

Парламентот на Молдавија денеска усвои закон со кој се забранува истакнување на руски воени симболи и се предвидуваат казни за прекршителите.

Законот забранува истакнување на буквите „Z“ и „V“, кои руските сили ги користат за време на инвазијата на Украина, како и рускиот воен симбол „Георгиевска лента“ (црна и портокалова лента), пренесуваат руските медиуми.

За јавно истакнување на овие симболи во Молдавија е предвидена казна од 250 до 500 долари.

Пратениците изјавија дека законот е усвоен во контекст на рускиот напад врз Украина.

Пратениците на Блокот на комунисти и социјалисти беа против донесување на Законот и во знак на протест не присуствуваа на гласањето.

Проруските граѓани на Молдавија во петокот демонстрираа во Кишињев против усвојувањето на законот, предводени од поранешниот проруски претседател Игор Додон.

Додон рече дека на 9 мај ќе излезе на улица со „Георгиевска лента“, „заедно со десетици илјади луѓе кои ќе го прослават Денот на победата над фашизмот“ во Втората светска војна.

Оваа лента е дел од високите воени одликувања што ги доделуваат Руската империја и Советскиот Сојуз, а ги доделува и Руската Федерација. Како симбол, тој доби значење во Русија во 2005 година, како одговор на „Портокаловата револуција“ во Украина.

Во Русија „Георгиевската лента“ ја носат граѓаните како патриотски симбол и како јавен симбол на владината поддршка, а во Украина и балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија, лентата се смета за симбол на рускиот национализам. и сепаратизам.

Слични содржини