184
Моли се Мицкоски да биде премиер, за да излеземе од енергетската криза. Моли се да ни биде премиер, вака му порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на неговиот колега од СДСМ, Мартин Костовски.
Тој додаде дека додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил на раководната позиција во ЕЛЕМ, ја оставил компанијата со 25 милиони евра депозит во банки.
-Тоа е чиста сума. Не е јаглен, депозити во банка. Реконструкција на двата блока, милион и пол денари оставени на сметка, 6 милиони евра оставени на сметка за плати. Во 2017 година, најстудената зима, вкупниот увоз на електрична енергија изнесувал 5 милиони евра, рече Лефков во емисијата „Топ тема“.