Полицијата не соопшти денеска дополнителни информации во врска со експлозијата што се случи синоќа пред судовите во Скопје-информира Алсат.Од секторот за внатрешни работи во Скопје, соопштиле дека нема ништо ново и оти остануваат на информациите објавени во официјалниот Билтен на Министерството. Во него се наведува дека околу 19:30 часот била пријавена експлозија на булеварот Гоце Делчев.
Припадници на полицијата излегле на местото на настанот каде констатирале дека се работи за експлозивна направа од која не е предизвикана материјална штета и оти нема повредени лица. Спроведена е истрага, а делови од експлозивната направа биле земени за понатамошна експертиза, се вели во известувањето. Инаку ова е трет сличен случај кој засега останува нерешен и каде цел ан напади беа високи државни институции.
Претходно беше соопштено дека непознати лица истрелале две гранати во фасадата на владата, причинувајќи само материјална штета. Полицијата сè уште ги нема објавено мотивите ниту сторителите, како и авторите на двете експлозии кои се случија претходно во близина на полициските станици во Тетово и Куманово во ист ден во интервал од неколку минути.
Извор: Ал сат
