Молотов коктел фрлен во близина на синагога во Лондон

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Неидентификуван маж фрлил молотов коктел во близина на синагога во Лондон, објави британскиот весник „Стандард“.

Полицијата ја блокираше областа Голдерс Грин Роуд, а службите за итни случаи се на лице место.

Лондонската полиција соопшти дека полицајците одговориле на пријава за загрозена безбедност во Рајдингс во 13:30 часот.

Лицето било уапсено набргу потоа, а во инцидентот нема повредени.

Слични содржини