186
Синагога во Берлин утрово била нападната со молотови коктели, во време кога во главниот град на Германија се зголемуваат антисемитските инциденти и по ескалацијата на насилството на Блискиот исток.
Еврејската заедница соопшти дека нејзината синагога во градската населба Мите била нападната со две запаливи направи, а полицијата го потврдила инцидентот, пренесува АП.
„Непознати лица фрлиле два молотови коктела од улица“, соопштија од Еврејската заедница на платформата X.