219
Четиригодишно момче се изгубило во шумата во Атлантик Сити, но полицајците набрзо го пронашле. Преплашено момче исчезнало откако во средата вечерта залутало од својот дом, а покрај него било неговото куче, црн лабрадор. Полицајците го пронашле и објавиле видео од спасувањето.
Полицајците трчаат кон момчето, видено на почетокот на видеото, кое било облечено само во маица и шорцеви. Момчето било пронајдено на околу 800 метри од неговиот дом, пишува Daily Mail.
„Еј пријателе… Те фатив… Добро си“, му рекоа полицајците со смирувачки тон на момчето.
Четиригодишното дете плачело и велело: „Го изгубив чевелот… Го изгубив чевелот“.