623
Тројца млади, момче и две девојки исчезнаа денеска во поплавите во италијанскиот регион Фриули на северот од земјата, а потрагата е во тек, информираа локални извори.
Изворите тврдат дека тројца млади на возраст меѓу 17 и 25 години се водат како исчезнати поради излевање на реката Натизоне, објавија италијанските медиуми.
Младите телефонски повикале помош затоа што нивото на реката почнало да расте додека биле на мал речен остров.
Во потрагата учествуваат нуркачи, карабинери, а во акцијата е испратен и противпожарен хеликоптер од Венеција.