Мате Римац, основач и извршен директор на Rimac Group, одговори на коментарот на 13-годишно момче кое му испратило цртеж од автомобилот и побарало негово мислење.
„Мате Римац, се прашувам дали ви се допаѓа. Ако го знам тоа, многу ќе ми значи. Ви го претставувам мојот дизајн Rimac c3 купе“, напиша момчето.
Набрзо пристигнаа пофалби, и тоа токму од Мате Римац:
„Добро завршена работа. Ми се допаѓа дека си ги применил нашите „Design DNA“ елементи…Само што не ми е многу јасно за издувот. Скицата е само мал дел од целокупниот процес на дизајнирање на автомобилот, но гледам дека имаш смисла. Ти предлагам малку да видиш на YouTube како се прават 3D моделите и да се едуцираш во таа насока. Со 10 години напорна работа и труд, можеш да бидеш дизајнер до 23 години. Се надевам дека тогаш ќе ги дизајнираш идните автомобили Bugati и Rimac! Среќно“, напиша Римац.
Одговорот ја воодушеви јавноста и собра дури 900 лајкови, а луѓето почнаа да ги коментираат постапките и поддршката на Хрватот.
„Секоја чест. Навистина си човек. Така се мотивира“, „Браво мајсторе“, се само дел од коментарите.