Момче прободено со нож во Чаир

од desk2
142 прегледи

Момче било прободено со нож вчера во скопски Чаир, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 22 часот на улицата Џон Кенеди.

Тогаш К.С. (24) од Скопје по претходна расправија бил физички нападнат од Љ.А. (25) од Скопје, кој бил со уште едно лице. Во еден момент Љ.А. го пробол К.С., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.