Момчето ѝ го уништило лицето со киселина, направила 400 операции, а сега гордо се покажува (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
425 прегледи

Во својата автобиографија, која неодамна ја објави, британската водителка, писателка и инфлуенсерка Кејти Пајпер (38) опишала како излегла од пеколот откако нејзиното поранешно момче и го изобличенило лицето пред 14 години. Кејти едвај преживеала и останала слепа на едното око. Имено, нејзиниот тогашен дечко Даниел Линч го организирал нападот врз неа и го ангажирал професионалецот Стефан Силвестре кој фрлил сулфурна киселина на лицето на Кејти.

Досега имала дури 400 операции. По нападот го изгубила видот, кожата ѝ била изгорена, поминала 12 дена во индуцирана кома, а експерти ѝ рекле дека никогаш нема да може целосно да закрепне. Живеела низ пекол, претрпела страшни болки и се соочила со бројни стравови кои сепак успеала да ги надмине.

А како изгледа сега и колку е среќна, секојдневно покажува на социјалните мрежи. На најновата фотографија таа го најави своето шоу „Katie Piper’s Breakfast Show“ кое го започна минатата година, а со објавата сподели и фотографија на која блеска во розови фармерки и куса јакна со светки, а многу луѓе во коментарите ја споредија со Барби и актерката Маргот Роби.

„Слушнав ужасен крик, како некое животно кога го колат. Што ја предизвикуваше таа галама? И тогаш сфатив дека тоа бев јас“, е само една од речениците во потресната книга „Убавата, Кејти Пајпер“ која ја објави, а со која сакаше да каже дека на нејзините маки конечно им дошол крајот и дека по 14 години страшно физичко и ментално страдање повторно е среќна жена.

Кејти долго време се криеше од јавноста, но потоа реши да ги преземе работите во свои раце. Почнала да пишува книги и да дава мотивациони говори и ја основала фондацијата „Кејти Пајпер“ за да ги охрабри луѓето кои живеат со изгореници и лузни и добила бројни награди и признанија за нејзината добротворна работа.

Таа ја доби наградата за жена на годината и моментално е водителка на емисија на Би-Би-Си.

Слични содржини