286
Парис Хилтон на својот Инстаграм профил објави дека нејзиното момче Картер Ројма ја запроси денес, на нејзиниот 40-ти роденден.
Двојката се вери по повеќе од една година врска, а Парис откри во описот под видеото што го објави колку е среќна и исполнета.
„Кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа, не само што ја знаете – ја чувствувате. Јас и мојата љубов сме заедно уште од нашата прва средба, а за мојот роденден тој ме изненади со специјално патување во тропски рај. Додека излегувавме на вечера, Картер ме однесе на едно место украсено со цвеќиња и клекна на едно колено. Реков ‘да, да засекогаш’ “, напиша Парис на својот Инстаграм профил покрај видеото во кое беа разменети фотографии од свршувачката.