Момчето на Ким Кардашијан: „Се подготвувам за улогата на родител“

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Младиот комичар Пит Дејвидсон си ја отвори душата за време на шоуто со Кевин Харт и призна дека многу би сакал да стане татко. Врската со Ким Кардашијан, очигледно, навистина влијаела на него, со оглед на тоа што досега не сакаше баш „наскоро да стане родител“.

Да потсетиме, Ким има четири деца од бракот со Канје Вест – ќерките Чикаго и Норт, и синовите Псалм и Сент. Дејвидсон, пак, го загубил својот татко кога имал само седум години, а тоа оставило трага во неговата душа.

– Сè уште не сум го остварил тоа, но најмногу би сакала да имам дете! Тоа е мојот сон – изненади Пит многумина со тоа што го призна во тизерот за споменатата емисија.

– Навистина се трудам да бидам подобра личност, се подготвувам за улогата на родител. Сакам да се развивам за денес-утре, кога тоа ќе ми се случи, се да биде лесно – објасни тој, а потоа се присети на сопственото детство кое не било баш сјајно со оглед на околностите.

– Моето детство не беше прекрасно. Татко ми умре, мајка ми остана сама, помалата сестра не го поднесе сето тоа добро… О, каков кошмар. Да беше се во ред, ќе станев градежен работник во Стејтен Ајленд и би бил најсреќниот човек на светот. Вака… Сите тие работи што ти се случуваат, некако те учат да се заљубиш во комедијата – смета тој.

Многумина се прашуваат колку време Пит поминува со децата на својата девојка, за која неодамна се тетовираше со буквите „KNSCP“ (како „Ким, Норт, Сент, Чикаго и Псалм?“), а потоа имињата „Јасмин“ и „Аладин“ – поради начинот на кој тие всушност подобро се запознале, во рамките на емисијата „Во живо во сабота навечер“.

Слични содржини