Момчето Рајан (5), кое во вторникот падна во бунар длабок 32 метри, со помош на големи напори на спасувачките служби е извлечено по 4 дена заробеништво, но засега не се знае дали детето е живо. Експертите предупредуваат дека е „невозможно“ да се потврди дали момчето е живо, откако помина четири дена во невозможни услови.
Спасувачките екипи кои со раце копаа последните три метри за да не почне одронот, стигнаа до момчето кое е „неподвижно“. Ископале тунел паралелно со местото каде момчето било заглавено со багери и успеале да го евакуираат.
Момчето е на пат кон ургентниот центар. На самото место се собрале неколку илјади луѓе, меѓу кои и родителите на Рајан кои не спиеле ноќе поради грижите за животот на момчето. Несреќата се случила кога таткото на детето работел на бунарот.
„Го оттргнав погледот од него само на секунда и тој падна во бунарот. Воопшто не спиевме“, изјави претходно неговиот татко за новинарите.