Момент за историја: Ѓоковиќ освои пехар и го надмина Сампрас

од Nikola Popovski
179 прегледи

Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ и официјално го освои пехарот за најдобар играч на крајот на годината.

Трофејот му беше врачен по првата победа на завршниот Мастерс во Торино, каде по час и половина игра го совлада Каспер Руд во два сета.

Новак денес ја започна 347-та недела на врвот на АТП листата, а годинава по седми пат ќе ја заврши годината како најдобар играч на планетата.

Така го надмина Пит Сампрас и стана рекордер по број на вакви награди.

Сампрас досега шест пати беше прв во светот од крајот на тениската сезона.

Потсетуваме, Ѓоковиќ го брка рекордот на Роџер Федерер по број на титули од завршниот Мастерс во Торино. Швајцарецот има шест, а Новак пет.

Слични содржини