Најмалку 20 лица загинаа, а над 70 беа повредени во Мексико Сити кога надвозник на метрото делумно се сруши на улицата. Видеото од надзорните камери објавено од мексиканските медиуми го снимил тој кобен момент.
Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шејнбаум, го посети местото на несреќата и на Твитер напиша: „За жал, има мртви и повредени, пожарникарите и персоналот за јавна безбедност помагаат. Вклучени се неколку болници. Наскоро ќе обезбедиме повеќе информации“.
Други снимки на телевизиските станици и социјалните медиуми покажуваат дека екипи на брза помош и пожарникари ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.
Линијата 12 на метрото беше изградена кога министерот за надворешни работи, Марсело Ебрард, беше градоначалник на Мексико Сити.
tw // incident train death
a metro collapsed in mexico and people are missing and dying. pls rt to make everyone aware. ty pic.twitter.com/ssqM4KEuWn
— oskr 🍄 | ia (@channelOSKR) May 4, 2021
„Она што се случи денес е ужасна трагедија. Мојата солидарност со жртвите и нивните семејства“, напиша Ебрард на Твитер.
„Се разбира, мора да се испитаат причините и да се дефинираат одговорностите. Повторувам дека им стојам на располагање на надлежните да помогнам во сè што е потребно“, додаде поранешниот градоначалник.