Момировиќ: Од среда поевтинуваат уште 16 намирници од акцијата „Подобра цена“

од Radmila Tasevska
199 прегледи

Акцијата „Подобра цена – цена за народот“, од среда, во Србија ќе се прошири за 16 нови категории производи: брашно ТИП 500 и ТИП 400, сончогледово масло, кисело млеко, маргарин, намаз со сирење, кромид, грав, зелка, паштета, виршли, замрзнат грашок, џем, бисквити, паста за заби и сапун. Промоцијата ќе трае до 31 декември, а производите што се дел од промоцијата во продавниците ќе бидат јасно означени со знакот „Подобра цена“ за потрошувачите полесно да ги најдат на полицата и да ги купат, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот за трговија, Томислав Момировиќ во соопштението на ресорното министерство истакна дека е исклучително задоволен од одзивот на трговците и производителите, видливоста на акцијата и нејзините ефекти.

-„Подобра цена“ е заедничка акција и иницијатива на државата и трговците, а нејзината основна цел е да ги заштити стандардите на граѓаните, кои за своите пари ќе можат да купат повеќе производи. Производи од акцијата „Подобра цена“ има доволно и тие ќе бидат достапни на полиците на сите малопродажни продавници во земјава, во повеќе од 2.500 продавници ни целата територија на Србија, изјави министерот Момировиќ и додаде дека потенцијалната препродажба на производите ќе биде строго санкционирана.

Во рамки на акцијата „Подобра цена – цена за народот“, која почна на 13 септември и ќе трае до 31 декември 2023 година, на постојаниот режим „акција“ веќе се: млеко, јогурт, бело сирење, јаболка, компири, тестенини, пилешко месо и салама (паризер), безалкохолни пијалоци, кафе, храна за бебиња, шампон за бебиња, бебешка бања, пелени за бебиња, шампон за возрасни, бања за возрасни, тоалетна хартија, хигиенски салфетки, детергент за миење садови, детергент за алишта.

Слични содржини