Момоа ја разјасни својата животна ситуација по разводот: Не сум бездомник, едноставно немам куќа

од Vladimir Zorba

Откако Лиза Бонет поднесе документи за развод од Џејсон Момоа две години откако парот објави дека се разделил, холивудскиот актер откри дека не поседува сопствен дом. „Во моментов немам ни дом. Живеам на пат“, рекол актерот кој објаснил дека работи на документарниот филм „On the Road“ и затоа многу патува.

Со оглед на тоа што сите светски медиуми пишуваа дека Џејсон нема дом, тој реши да ја разјасни ситуацијата. „Не сум бездомник, едноставно немам куќа“, изјави тој за магазинот „People“.

Тој објасни дека неговиот зафатен работен распоред го спречил да најде нов дом бидејќи често оди од сет до сет. „Имам убав трејлер. Сите велат: „Џејсон Момоа е бездомник“. И јас им велам: „Опуштете се, имам вреќа за спиење“, рече Џејсон, кој го прифати номадскиот начин на живот.

Инаку, документарната серија на која работи ги следи неговите средби со занаетчии, музичари и спортисти на патување во САД. Премиерата на овој негов проект е на 18 јануари на платформата Max.

За потсетување, Момоа оваа недела официјално се разведе од Лиза Бонет. Во документите до кои дојдоа странските медиуми, поранешната двојка постигнала договор за заеднички имот. Бонет побарала заедничко физичко и правно старателство над нивните деца Лола (16) и Накоа-Волф (15).

Слични содржини