МОН: До крајот на ноември ќе заврши распределбата на 70 отсто од учебниците

од Destan Jonuzi
101 прегледи

Министерството за образование и наука ја коригираше претходната информација во врска со динамиката на испорака на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование, која почна во текот на вчерашниот ден. МОН известува дека до крајот на овој месец ќе биде завршена дистрибуцијата на 70 проценти од учебниците за овие одделенија.

-Станува збор за целосно нови учебници, изработени согласно новите наставни програми и тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици и кои им беа поделени пред почетокот на учебната година, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје, наведува МОН.

Министерството информира и дека веднаш по печатењето и испораката на учебниците за основното образование, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование.

Слични содржини