МОН објави дополнителни конкурси за стипендии предвидени за учебната 2020/2021 година

Објавени се дополнителни конкурси за доделување на преостанатите ученички и студентски стипендии кои не беа доделени по првично објавените конкурси за учебната 2020/2021.година, информираше Министерството за образование и наука.

Предвидени се 318 стипрендии за социјални категории,64 стипендии за студенти кои оствариле висок процес и 21 стипендија за студентите запишани на студиските програми математија, хемија и физика, во рамки на конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјава.

Додека, со конкурсите за доделување ученички стипендии е предвидено доделување 25 стипендии за ученици – деца без родители, 10 стипендии за талентирани ученици и 20 стипендии за талентирани ученици – спортисти, запишани во јавните и приватните средни училишта во државава.

„Потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови, може да изберат апликација заедно со сите потребни документи да ја достават хартиено преку архивата на МОН, или пак, да аплицираат електронски на www.konkursi.mon.gov.mk, најдоцна до 11 јануари 2021 година“, соопшти МОН кое објави и упатство за електронско аплицирање, со напомена дека апликацијата се смета за успешно поднесена откако ученикот, односно студентот, по притискање на копчето „аплицирај“ ќе добие ИД (идентификациски број) на апликацијата.

За дополнителни информации, МОН упатува на контакти на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во Министерството.

Слични содржини