Во предвидениот со закон рок, односно јуни 2021. година, ќе се оддржи полагањето на државната матура, информираа денес од министерството за образование.

Со законот за средно образование е утврдена обврската да се полага државната матура. Согласно планот и програмата, засега учебната година 2020/2021 се одвива успешно, а Министерството е во постојана комуникација со учениците и училиштата, па оттами ќе обезбеди и решенија за безбедно полагање на испитот.

МОН ги извести учениците од четврта година, дека пријавувањето на матурските испити ќе се одвива во соодветникот законски рок, па така, учениците до крајот на месецот треба да ги пријават темите за проектната задача, а до крајот на календарската година ќе треба да ги пријават и испитите од листата за полагање којашто е проширена со уште два нови предмети.

Оваа учебна година за првпат, матурантите имаат можност за реализација на матурска проектна задача во согласност со условите во кои се одвива наставата и глобалните трендови на културата и младите. Па така, во смисла и на ефективното и организираното полагање на испитите од државната матура, сите испитни програми ќе бидат со скратена содржина.

Полагањето завршни испити од државна матура е дел од образовните системи на сите европски земји и земјите од регионот како што се Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија. Во овие земји матурските испити се реализираат непречено и со почитување на сите здравстени и безбедносни протоколи, а пандемијата не беше пречка матурските испити да се организираат непречено и во континуитет.

Слични содржини