Монголија: Папата ги повика сите религии да живеат во хармонија

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Папата Франциск денеска одржа миса во главниот град на Монголија, Улан Батор, повикувајќи ги сите религии да живеат во хармонија и да избегнуваат идеолошки фундаментализам кој поттикнува насилство.

Папата одржа миса во арената Степа, најважниот верски настан за време на неговата посета на Монголија, каде мнозинството од населението се будисти, а има само 1.450 католици.

За време на мисата, папата се нарече себеси еден од „скромните наследници“ на древните школи за мудрост и го цитираше Буда, кој вели дека „мудрите се радуваат што даваат“, истакнувајќи дека Исус го рекол истото – дека е подобро да се „дава отколку да се прима“.

Слични содржини