Моника Белучи безвременска убавица

од desk4
388 прегледи

Долгото струкирано сако и широки панталони во комплет со проѕирен корсет и со високи потпетици на платформа, ја истакнаа целата убавина на Моника Белучи.
Иако има веќе 55 години актерката е најгламурозна жена во светот.

 

На еден јавен настан во Италија таа се појави во црно одело со корсет од тантела и ги покажа своите совршени облини. Струкираното сако и долгите широки панталони го ублажија секси изгледот и направија да изгледа ултра модерно.

Нејзината секогаш модерна фризура одлично ги нагласи очите, а сребрените обетки ѝ дадоа младешки изглед.
Актерката веќе подолго време не е видена со своето момче Николас Лефевр (36), па се претпоставува дека нејзината нова фризура е резултат на самечкиот живот. На новинарско прашање дали размислува за повторна мажачка, Моника одговори: „Кога зад себе имате два брака, морате повеќе да размислувате за да сфатите што се случило да дојде до развод. Да речеме сега сум во фаза на учење“.

Слични содржини