Во Велешекиот театар синоќа беше изведена мондрамата „Јане Сандански 100 години после“ во изведба и режија на актерот Петар Темелковски. Претставата премиерно беше изведена на сцената на Драмски театар-Скопје во април годинава, по повод 100 години од смртта на Јане Сандански (22 април 1915), кога бил предаден и убиен на пат кон Неврокоп.

pero_temelkovski_foto_2

– Пораката на монодрамата е предавниците на Македонија, не само од времето на Јане Сандански, а бидејќи монодрамата комунцира и со сегашното време, сегашните предавници на Македонија, да си ја чукнат главата од некое дрво или подобро од ѕид и да се освестат додека не е доцна, да не го предаваат своите патриоти и својот народ и да не го продаваат својот народ и својата татковина Република Македонија, порача актерот Темелковски, кој за монодрамата користел архивски материјали за македонската историја.

Монодрамата Темелковски ја изведе по 24 пат и најави дека со неа наредната година ќе гостува и во други градови низ Македонија.

Изјави дека и со останатите свои монодрами секогаш се претставувал  пред велешката публика, а и со оваа, како што рече, бил топло примен бидејќи според него публиката во Велес има револуционерно ткиво за да ги восприма ваквите негови монодрами за револуционери и историски личности.

Слични содржини