Грешките и лошите преводи во новиот учебник по Историја и општество за петто одделение, предизвикаа лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Во него, како што се забележува, во Тема 2 – „Населението и за континентите“, на децата им се нуди информација дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29 305 метри.
Има и втора грешка во истиот учебник, каде што е наведено дека Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија.
И родителите кои објавуваат на социјалните мрежи, и медиумите алармираат дека авторктие на учебникот, но и рецензентите требало подобро да преведат и да ги проверат со повеќе извори податоците кои ги навеле во учебниците.
Автори на учебникот се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, има дури тројца рецензенти, Беса Хавзиу – Исламили, Анета Соклевска и Виолета Шурбановска, а стручна реакција и уредник е Орданка Мицкова. Издавач на учебникот полн со грешки е Министерството за образование и наука, а учебниот е одобрен на 3 ноември оваа година од Националната комисија за учебници.
Министерот за образование Јетон Шаќоро не ја исклучува можноста и во новите учебници да има грешки, објаснувајќи дека една книга пред да биде објавена, поминува низ неколку раце, како што се рецензенти и неодамна формираниот Национален совет.
-Не значи дека и овие што сега се пуштени во оптек немаат недостатоци, но во фазите на одобрување на учебникот, рецензентите и Националниот совет се тие кои го одобруваат учебникот. Јас како министер верувам и вие знаете дека неколкупати јавно апелирав, не само за овие, бидејќи и во министерството пристигнуваат пријави. Веќе повлековме учебник по социологија, вели Шаќири во гостување на дебатна емисија.