Монте Карло правила, за едни мајка за други маќеа: Ѓоковиќ и Надал ќе имаат различен третман

528 прегледи

Мастерс серијата во Монте Карло започнува во понеделник, на 12. април. Повеќето тенисери се веќе во Кнежевството каде тренираат, но има и такви кои допрва треба да пристигнат.

И, како што стојат работите заради пандемијата од Ковид 19, условите нема да бидат исти за сите! Секако, фокусот е на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, првите двајца играчи во Монте Карло, а „страстите“ се засилени затоа што условите нема да бидат исти за двајцата.

Шпанецот ќе мора да биде во хотел, т.е. балон со други играчи и нема да може да го напушти истиот, додека Србинот ќе може слободно да се движи бидејќи е жител на Монте Карло и за него важат различни правила отколку за тенисерите кои не живеат во Кнежевството.

Исто како Ноле и Данил Медведев и Александар Зверев, тие ќе можат слободно да се движат низ Монте Карло.

Да потсетиме, протоколот за вакцинација треба да стапи на сила во Монте Карло, што подразбира дека сите вакцинирани тенисери не мора да бидат во карантин, односно дека нема да се сметаат за блиски контакти доколку некој од нивната околина е позитивен на коронавирусот.

Ова е прв турнир и за Ѓоковиќ и за Надал по Австралија Опен, на кој Ноле победи (по деветти пат во кариерата), односно на кој Надал беше елиминиран во четвртфиналето од Стефанос Циципас.

Монте Карло беше одложен минатата сезона поради Ковид пандемијата, а оваа сезона е прв турнир на земја.

Слични содржини