Монтела ќе се степаше со Балотели по меч во Турција (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Марио Балотели, познат по својот тежок карактер, со нешто го изнервира својот тренер Винченцо Монтела, а за малку не дојде до физичка пресметка меѓу двајцата славни Италијанци. Во моментов напаѓачот настапува за турската Адана Демирспор, а тренер на тимот е Монтела.

Во саботата вечерта, по последниот судиски свиреж на натпреварот против Умраниеспор во тамошниот шампионат, Балотели како да му кажа нешто на својот ментор што го налути. Монтела се гледа како се обидува да дојде до него, но е спречен од луѓе од неговиот штаб.

По мечот, самиот Монтела го прокоментира тоа што се случи вака: „Можам само да кажам дека очекувам повеќе од него. Да, такви работи може да се случат на крајот од мечот. Адреналинот веројатно дошол повеќе и тоа ги тера луѓето да кажуваат работи. Но, за мене темата е веќе затворена“.

Тимот на двајцата Италијанци го доби натпреварот со 1-0, а Супер Марио се појави како замена на полувремето, а влезе во игра наместо Артјем Ѕујба. Сепак, Балотели разочара и особено во последните минути неколку пати лесно го губеше поседот на топката, што му даде шанса на противникот опасно да нападне.

Слични содржини