Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во своето гостуваање во емисијата Само Вистина на Канал5 телевизија истакна дека не смее да се гледа со преголем оптимизам за претсојниот самит во јуни, но дека треба да се даде шанса на преговорите со соседна Р. Бугарија.
– Ова е добра порака од двајцата претседатели и од Радев и од Пендаровски, тоа заедничко патување и чевствување на Св. Кирил и Методиј во Италија е добра порака и мислам дека во таа насока треба да се продолжи. Дијалог мора да има и мора да се гради довербата која очигледно овој изминат период беше нарушена. Тезата на ДОМ е иста како што и на Владата, дека македонскиот идентитет не смее да биде предмет на разговор. Не смее да се гледа со преголем оптимизам за претсојниот самит во јуни, но треба да се даде шанса на преговорите, истакна Морачанин.