Во своето гостување, пратеничката во Собранието и лидер на ДОМ, Маја Морачанин истакна дека со овој ДУП и спорниот проект предвиден кај Холидеј Ин треба да се се слуша волјата на граѓаните и истите да добијат урбан и здрав живот во градот.
„Ние дадовме поддршка на општина Центар за ревизија на ДУП-овите и да се реализира волјата на граѓаните кои сакаат здрав живот во градот. Срамота е што ние во 2021. година, се повикуваме на ДУП усвоен во 2012. година и тоа ги револтира граѓаните бидејќи инситуциите си ја префрлуваат топката една на друга. Ние се повикуваме на Законот за урбанистичко планирање и минатата година беше истиот донесен, со цел да се подобри ваквиот сегмент. Оттаму јасно е дека ДУП-от треба да биде согласен со параметрите. Законот за урбано зеленило пак, мина 7-годишна борба, за во 2018. година да биде конечно усвоен“, истакна Морачанин.