„Мораш да и се извиниш што кажа дека е дебела“: Рајан Рејнолдс бесен, откриени шокантни детали за познатата двојка

од Vladimir Zorba
364 прегледи

Крајот на 2024 година ни донесе нова холивудска драма. Актерката Блејк Лајвли поднесе тужба за сексуално вознемирување против Џастин Балдони. После тоа следеше целосен хаос и меѓусебни обвинувања.

Во петокот, 20 декември, Блејк поднесе тужба против Џастин до Одделот за граѓански права во Калифорнија, обвинувајќи го за сексуално вознемирување и водење на наводна кампања за оцрнување како одмазда за нејзините коментари за неговото несоодветно однесување на снимањето. Ѕвездата на „Gossip Girl“ (37), тврди дека Џастин (40) создал токсична работна средина за време на продукцијата на филмот – тврдење што тој жестоко го отфрли.

Режисерот сега ги обвинува Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс за злоупотреба, а тужбата детално ја објаснува расправијата што се случила во пентхаусот на парот во Њујорк. Според тужбата, Рајан Рејнолдс, кој минатата година имаше голем успех со неговата улога во „Deadpool & Wolverine“, агресивно го обвини Балдони дека направил серија навреди за неговата сопруга, вклучително и дека е „дебела“.

Режисерот, другите продуценти и претставник на Sony биле поканети во домот на Блејк и Рајан на 4 јануари минатата година.

„Тие пристигнаа желни да разговараат за плановите за снимањето следниот ден, подготвија материјали за продукција. Наместо тоа, Блејк и Рејнолдс ги нападнаа, и им презентираа низа поплаки кои беа неочекувани и вознемирувачки“, рекол изворот, пишува „Дејли мејл“.

Инсајдерот додава: „Рејнолдс го започна сето тоа, критикувајќи го Балдони во она што режисерот подоцна го опиша како „трауматична“ средба, велејќи дека „никогаш не зборувал така со него во неговиот живот“. Рејнолдс побарал режисерот да се извини на Блејк за она што било погрешно окарактеризирано и очигледно лажно, се вели во тужбата.

„Кога Балдони се спротивстави да се извини за она што не го направил, Рејнолдс стана уште полут. Сите, вклучително и продуцентот Лајвли, кој побара од продукцијата да се вклучи, а претставникот на Sony го напушти „состанокот“ биле шокирани. Продуцентот рече дека во својата 40-годишна кариера, никогаш не видел некој да разговара со некого така“, се вели во тужбата.

Во тужбата се наведува дека во јули минатата година, пред промоцијата, Балдони бил информиран дека за време на премиерата на Deadpool & Wolverine, Рејнолдс разговарал со агентот на Балдони и побарал да ја прекине соработката со режисерот.

Слични содржини