Бритни Спирс, која неодамна конечно беше ослободена од старателстовот што татко ѝ го имаше врз неа цели 13 години, во последно време не престанува да ги шокира своите следбеници со објави на социјалната мрежа Инстаграм.
Бритни сега објави неколку фотографии на кои лежи на под крвава и со лисици.
„5:45… Пристигна… Вратарот рече дека дошла сама!!! Отишла на вечера со две пријателки и испила 1 пијалок, тргнала со такси дома, но соседот ја пронашол на подот како лежи. Сè останува мистерија. Кој би направил такво нешто? Имаше прекрасно семејство, но не беа во нејзина близина“, стои на почетокот на нејзината објава.
Таа во продолжение на текстот објасни дека сето тоа било само нејзина маска за Ноќта на вештерките.
View this post on Instagram
Нејзините загрижени обожаватели во коментари напишаа дека ги исплашила, но дека се сигурни дека со својата објава сакала само да опише се што доживеала од семејството во изминатите 13 години.
„Што се случува со тебе“, „Кралица на попот и мистериозното убиство“, „Би рекол одвратно семејство“, се дел од коментирате под нејзината објава.