Големо невреме пристигна на Јадранот и беше издадено предупредување за највисоко ниво за целиот брег – црвен метеоролошки аларм.
Бурниот јужен ветер дува во пошироката област Сплит, а ветровите достигнуваат 108 км на час, пренесува Далмација денес.
Предупредување специјално еиздадено за Истра, Далмација и островите, и беше обележан црвен метеоаларм.
Се предвидува бурен ветер, на некои места ураган со ветрови до 130 километри на час, претежно на отворено море.
Со вакви удари од југ, DHMZ предвидува бранови на отворено од четири до шест метри.
Бранови до пет метри се очекуваат на крајбрежјето. Се очекува и пороен дожд.
Jadran malo ostrvo dovoljno da mi se duša raširi
https://t.co/BqimIYQgxY pic.twitter.com/qx8q0Bdkuh— BahamaMama (@MarlenaVida) December 6, 2020
Проектните модели предвидуваат екстремна количина на врнежи. Ова се однесува особено на областа Истра. На некои места може да врне неколку часа колку што паѓа за еден месец, така што постои можност за поплави и порој.
Силен дожд се предвидува и за регионите Госпиќ, Книн, Риека, Сплит и Дубровник. За овие региони е објавен портокалов аларм поради обилните врнежи од дожд.
Утрово, дел од Омиш беше под морето, објави „Далмација денес“. Низок притисок и лунарна плима со бурни и урагански ветрови од југ и југо-запад предизвикаа пораст на нивото на морето, па поголемиот дел од Оми[ заврши поплавен.
Во текот на ноќта имаше врнежи од дожд во пошироката област Сплит.