Morgan го праќа Plus Six во пензија со нова Pinnacle верзија на моделот

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Morgan го објави крајот на производството на Plus Six на почетокот на следната година, со што ќе се означи крајот на една ера. За да го одбележи ова, компанијата претстави нова Pinnacle верзија на моделот, која има „карактеристики добиени од специјални нарачки од клиентите“.

Ретро надворешноста е главно непроменета, но купувачите можат да сметаат на сатенска сребрена облога, како и капаче за полнење гориво во „флип-ап“ стил со полиран финиш. Родстерот ќе биде достапен во која било боја.

Поголеми промени се забележуваат во внатрешноста која е обложена со кожа Pawn, Explore или Riviera произведена во соработка со компанијата Bridge of Weir. Покрај специјалниот тапацир, седиштата се поелегантни и имаат уникатни шевови и врвен вез.

Тапацирот е од овча кожа, а украсите од тиково. Посебен детал е алуминиумското лого Pinnacle, кое се вметнува во фурнирот на централната конзола.

Автомобилот е придвижуван од 3.0-литарскиот TwinPower Turbo 6-цилиндричен мотор на BMW, кој развива 340 КС и 500 Nm вртежен момент. Спарен е со осумстепен автоматски менувач и овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 4,2 секунди и максимална брзина од 267 km/h.

Morgan планира да произведе само 30 примероци на Pinnacle Edition, со што ќе стави крај на петгодишниот производствен серијал на моделот Plus Six, за време на кој произведе речиси 1.000 автомобили за клиентите во Азија, Европа и Блискиот Исток. Цената се движи од 96.995 фунти нагоре.

Следната година Morgan ќе претстави целосно нов предводник, кој се уште е мистерија. Наводно ќе има модерен дизајн.

Слични содржини