Morgan Stanley: Русија може да банкротира до средината на април

од Vladimir Zorba

Инвестициската банка Morgan Stanley соопшти дека Русија може да банкротира до средината на април. Имено, поради падот на цените на обврзниците, растот на рецесијата во земјата, како и воведените санкции, веројатноста Русија да може да го плати надворешниот долг е намалена.

– Сметаме дека најверојатното сценарио е Русија да не може да ги исполни своите обврски – напиша Сајмон Вејвер, глобален шеф за кредитна стратегија за пазарите во развој.

– Во случај на неисполнување на обврските, ситуацијата во таа земја би можела да биде слична на онаа во Венецуела. Веќе на 15 април Русија би можела да се најде во ситуација да не може да го исплати својот надворешен долг, што би било крај на 30-дневниот период за исплати што руската влада ги должи на доларски обврзници, посочува Вивер.

Според податоците собрани од „Блумберг“, индикативните цени покажуваат дека инвеститорите ги проценуваат обврзниците од 2023 година на околу 29 центи за американски долар, што е најниската цена досега. Во деновите пред Русија да ја нападне Украина, долгот се тргуваше над номиналната вредност.

Имено, Morgan Stanley смета дека Русија можеби нема да може да го плати надворешниот долг поради санкциите наметнати од САД и ЕУ. Неизвесно е и дали на американските банки ќе им биде дозволено да примаат плаќања од руското Министерство за финансии.

Слични содржини