Косовската јавност е згрозена од силувањето на девојче (11) во Приштина, граѓаните протестираа против сексуалното насилство, а во јавноста излегуваат нови болни детали од невиденото злосторство.
Косовската јавност остана во шок по невиденото злосторство, а на Инстаграм профилот на организацијата која се бори против насилството врз жените и сексуалните малцинства, „Феминизам.кс“, беа објавени некои детали од овој гнасен чин.
„Девојчето било во парк во Приштина кога и пришол Е.Р. (26) и и рекол „Душо, ми се допаѓаш“, набргу потоа ја допрел по стомакот и грбот. Ја ставил во непријатна ситуација, но таа не можела да реагира бидејќи насилникот ѝ ја ставил раката на уста за да молчи. Таму бил и неговиот помал брат. Тие ја соблекле девојката, а Е.Р. бил првиот што силувал. Бруталното искуство го продолжил неговиот помлад брат Г.Р. Сепак, ни тоа не им беше доволно. Им се придружилњ тројца пријатели и еден по еден ја силувале“, стои во објавата на Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Ова изживување траело седум часа, а несреќното девојче го пронашла нејзината мајка. Кога детето објаснило што се случило, полицијата била известена за се. Набрзо започнале потера по силувачите и почнале апсењата. Пет лица, меѓу кои три малолетни, се уапсени под сомнение дека го силувале девојчето. Зад решетки се Екрем Р.(26) и неговиот брат Г.Р. (16) , Г.Ј. и Ј.С., како и Ш.К., на кои им е одредена мерка притвор.
Поради ова кривично дело, оставка поднесе директорот на косовската полиција.