339
Во руски ракетен напад врз Одеса загинаа 20 лица, а најмалку 75 лица се повредени, изјави шефот на регионот Олег Кипер во телевизиска изјава, пренесува Ројтерс.
Во првиот напад биле погодени куќи, а по пристигнувањето на итната помош на местото на настанот, според локалните власти се случил втор напад. Меѓу повредените има и медицински работници.
Во нападот била погодена цивилната инфраструктура и избувнал пожар, пренесува АП.
Кипер претходно објави дека во некои домаќинства е прекинато снабдувањето со гас и електрична енергија, како и дека се оштетени приватни куќи и возила за спасување.
Русија во последните недели ги засили нападите врз Одеса, украинското пристаниште на Црното Море.