ОБСЕ: Војната во Украина има катастрофални последици за цивилното население

од Radmila Tasevska

Една година по рускиот воен напад врз Украина, овој вооружен конфликт продолжува да има катастрофални последици за цивилното население, кое сè уште е под влијание на воени напади, и трпи друго насилство и нехуман третман, соопшти Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

„Последиците од конфликтот што започна пред една година ќе ги чувствува народот на Украина во следните генерации“, рече директорот на ОДИХР, Матео Мекачи.

Тој исто така рече дека ОДИХР „продолжува да ги документира кршењата на човековите права“ и „нуди поддршка на жртвите и за време на војната и по завршувањето на конфликтот“.

Слични содржини