МЛАД ПАР ТУЖИ ФОТОГРАФ: Судот во Келн ја отфрли тужбата и изјави дека нивното разочарување од фотографиите не е доволно

од Vladimir Zorba

Регионалниот суд во Келн ја отфрли тужбата на млад пар кој тужел фотографот поради незадоволство од фотографиите.

Свадбениот фотограф на младенците им подарил УСБ со 170 свадбени фотографии. Младенците не биле среќни бидејќи фотографот не снимил настани како пуштање балони и групни фотографии.

Невестата и младоженецот прво побарале од окружниот суд најмалку 2.000 евра отштета бидејќи се разочарале и биле тажни кога виделе дека нема фотографии од важни настани.

– Свадбата секогаш ќе ја паметиме поради расправијата со фотографот и незадоволството од фотографиите, изјавиле младенците.

Судот утврди дека само разочарувањето не е доволно.

– За да се бара надомест на болка и страдање, мора да се исполни кривичното дело физичка повреда и психолошкиот проблем да достигне степен на болест, појасни портпаролката на судот.

По одлуката на земскиот суд во Келн, парот ја повлекол тужбата. Оттука, пресудата на окружниот суд е конечна.

Слични содржини