Морничаво детство на Шарлиз Терон: Татко ѝ пукал во неа, па мајка ѝ го убила пред нејзини очи

од Stefanija Kuzmanovska
494 прегледи

Холивудската актерка Шарлиз Терон имала многу тешко и трауматично детство. Таа пораснала на фарма во близина на Јоханесбург, Јужна Африка.

Таа живеела со нејзината мајка Герда и таткото Чарлс.

Кога имала само 15 години ѝ се случила страшна ситуација за која актерката секогаш отворено зборува. Имено, нејзиниот татко бил алкохоличар. Еден ден дошол дома толку пијан и почнал да пука во Шарлиз и нејзината мајка.

„Ниту еден куршум не не погоди, што беше вистинско чудо. Но, во самоодбрана, таа стави крај на агонијата“, изјави таа за американското национално јавно радио.

Шарлиз го опишала својот татко како „многу болен човек“ и дека животот со алкохоличар бил прилично безнадежен.

Шарлиз детално ја опишала ситуацијата која ја одбележала до крајот на животот. Рекла дека татко ѝ бил толку пијан тој ден што не можел да стои, а во раката имал пиштол.

„Мајка ми и јас бевме во спалната соба потпрени на вратата, бидејќи тој ја туркаше. Двете се наваливме на неа за да не влезе. Направи чекор наназад и трипати пукаше во вратата. Чудо е што не не погоди ниту еден куршум. Таа го застрела во самоодбрана“, рекла актерката.

Иако денес отворено зборува за траумата од детството, тогаш била посрамотена.

„Тогаш се преправав дека тоа не се случи, бидејќи не сакав да зборувам за тоа. Им кажав на луѓето дека татко ми загина во сообраќајна несреќа. Кој би сакал да раскаже ваква приказна. Никој не знае како да реагира кога ќе им кажеш дека татко ти е алкохоличар кого го убила мајка ти. Не сакав да ме гледаат како жртва“, откри таа еднаш.

Мајката на Шарлиз Терон била ослободена од обвиненијата бидејќи се докажало дека се работи за самоодбрана.

Слични содржини