Москва бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради нападот на Северен тек

од Stefanija Kuzmanovska

Москва инсистира на сеопфатна и објективна истрага за околностите на нападот на гасоводите „Северен тек“, соопшти денеска руската амбасада во САД.

„Од наша страна инсистираме на потребата од сеопфатна и објективна истрага на околностите на невидените настани на руските гасоводи. За да се разговара за ова прашање, Руската Федерација побара вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН“, се вели во соопштението на Амбасадата објавено на каналот Телеграм.

Утре ќе се одржи состанок на Советот за безбедност на ОН за инцидентите на гасоводот по барање на Русија.

Руското обвинителство покрена постапка поврзана со чинот на меѓународен тероризам по оштетувањето на гасоводот „Северен тек“.

 

Слични содржини