Москва бесна поради сликата во кабинетот на Зеленски

од Milan1
136 прегледи

Фотографија од украинскиот претседател Володимир Зеленски како позира пред слика на „запалениот Кремљ“, објавена во магазинот Тајм, ја налути Москва.

„Ова веројатно најдобро го покажува нивото на интелектуален развој и внатрешна состојба на оние кои позираат покрај вакви слики“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за фотографијата објавена во американско списание во понеделникот, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Сликата „Сон“ од 2022 година на грузискиот уметник Сандро Антадзе се смета за омилен симбол на посакуваната победа на Володимир Зеленски во војната што започна во Украина пред повеќе од три години.

Сликата, која според Тајм виси во просторија зад кабинетот на претседателот, била изложена и за време на новогодишното обраќање на Зеленски на 31 декември 2023 година, кога тој рекол дека оние кои носат пекол во Украина еден ден ќе го видат пеколот од сопствените прозорци.

Тајм во написот напиша дека над креветот на украинскиот претседател виси слика на која се гледа како руски брод тоне во Црното Море во 2022 година.

Друга слика покажува украински војници кои се борат на руска територија.

Зеленски изјави за Тајм за сликите: „Секоја од нив е за победа… Тоа е местото каде што живеам“.

Слични содржини