Ситуацијата со коронавирусот во Москва е драматична, предупреди градоначалникот Сергеј Собјанин.
Тој изјави дека во болниците има повеќе од 12 илјади пациенти и дека бројот на новозаболени е на ниво на врвовите на последните бранови на епидемијата, пренесува РИА Новости.
Затоа, беше издадена наредба за итно вакцинирање на вработените во јавните институции против коронавирус, кои се во постојан контакт со граѓаните.
Со тоа Москва стана првиот град во светот што вакцинирањето со коронавирус го направи задолжително не само за здравствените работници, туку и за вработените во голем број јавни индустрии, вклучувајќи угостителство, транспорт и музеи, пренесува „Танјуг“.
Во Русија, во последните 24 часа се потврдени 13.397 нови случаи на КОВИД-19, а најголем број новозаболени случаи има во Москва, 5.782.
Претходно, поради зголемувањето на бројот на случаи со корона, Собјанин прогласи неработни денови во главниот град на Русија од 15 до 19 јуни.