238
Руската авијација елиминираше повеќе од 100 странски платеници во областа Харков, соопшти денеска руското министерство за одбрана.
„Оружје со висока прецизност на руските воздухопловни сили погоди контролен пункт на странски платеници во областа на населбата Золочев во областа Харков. Убиени се повеќе од 100 екстремисти од Полска и Германија, а повеќе од 50 се ранети“, се наведува во извештајот, пренесе РИА Новости.
Рускиот воен оддел минатата недела објави дека од 24 февруари, по почетокот на специјалната воена операција, во Украина пристигнале 7.282 странски платеници – најмногу од Полска, Канада, САД, Романија, Грузија и Велика Британија.