Москва: Ги уништивме пратките на оружје од САД и Европа во Лавов

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните проектили во западниот регион на Украина, Лавов, ја уништиле испораката на оружје од САД и Европа.

Москва, исто така, ги потврди претходните извештаи на проруските сили во источна Украина дека повеќе од 250 украински борци, кои беа опколени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, се предале.

Руското Министерство за одбрана потврди дека се предале повеќе од 250 украински борци, кои беа опколени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Русија: Украина ефективно се повлече од преговорите

Украина всушност се повлече од преговарачкиот процес со Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко, пишува „Известија“.

Според Руденко, во моментов нема никакви преговори во каква било форма.

Од Киев не пристигнал одговор на рускиот нацрт-договор претставен од претставниците на Москва на последната рунда преговори лице в лице, одржана во Истанбул кон крајот на март.

Слични содржини