Москва го ограничува пристапот до веб-страницата на „Хјуман рајтс воч“

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Рускиот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до веб-страницата на организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) со седиште во Њујорк, објави денеска руската новинска агенција ТАСС, цитирајќи го извештајот на телото.

Пристапот е ограничен бидејќи „ХРВ“ објави информации за однесувањето на руската армија во Украина, кои „Роскомнадзор“ ги смета за лажни, пренесе Ројтерс.

Според руските закони, сопственикот на интернет-ресурс кој го игнорира барањето на Роскомнадзор и не отстранува незаконски информации може да биде казнет со максимум 4 милиони рубљи (околу 48.000 долари), наведува британската агенција.

Слични содржини