Москва го прошири списокот со забрана за влез на претставници на ЕУ

од Берта Китинска
185 прегледи

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска соопшти дека Москва го проширила списокот на европски функционери на кои им е забранет влез во таа земја, како одговор на „непријателската одлука“ на Европската унија и Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„Како одговор на непријателските дејствија, Русија го прошири списокот на претставници на земјите-членки на ЕУ, на кои, во согласност со законот, им е забранет влез на територијата на нашата земја“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Слични содржини