Москва им забрани влез на британските новинари

од Nikola Popovski
262 прегледи

Руското Министерство за надворешни работи стави 49 Британци на списокот со санкции, меѓу кои шефови и дописници на бројни големи британски медиуми, претставници на командата на вооружените сили, одбранбената индустрија и одбранбеното лоби.

-На 29 новинари и претставници на британски медиумски организации, како Би-Би-Си, Скај Њуз, Гардијан и Тајмс, им е забранет влез во Русија, објави Ројтерс.

Москва го нарекува овој потег одговор на западните санкции, но и одговор на притисокот врз руските државни медиуми во странство.

Слични содржини