Москва ја означи „Радио Слободна Европа“ како „непожелна организација“

од Nikola Popovski
238 прегледи

Русија ја означи американската „Радио Слободна Европа“ како „непожелна организација“, наведуваат Министерството за правда на Русија.

Како што се наведува, медиумската корпорација била препознаена во Русија како странски медиумски агент. Претходно, тамошното Генерално обвинителство одлучило да ги означи активностите на РСЕ како непожелни во Русија.

Министерството за правда на Русија ја додала РСЕ на списокот на странски и меѓународни невладини организации чии активности се препознаваат како непожелни на територијата на Русија, објавено е на веб-страницата на Министерството.

Лани во март, Московскиот суд прогласи банкрот на работата и функционирањето на „Радио Слободна Европа“ во Русија, откако компанијата одби да плати повеќекратни казни во вкупна вредност од над 1 милијарда рубљи (14 милиони долари) за прекршување на таканаречениот закон за странски агенти.

Слични содржини