Москва ја повика Приштина да престане со провокациите

од Stefanija Kuzmanovska
329 прегледи

Министерството за надворешни работи на Русија синоќа ја повика Приштина да престане со провокациите и соопшти дека одлуката да започне со примена на неосновани дискриминаторски „правила“ за присилна размена на лични документи и регистарски таблички на локалните Срби претставува уште еден чекор кон протерувањето на српското население од Косово.

Во соопштението за медиумите на руското министерство се наведува дека оваа одлука има за цел „да ги истисне српските институции од Косово кои обезбедуваат заштита на правата на српското население од самоволието на приштинските екстремисти на чело со премиерот Албин Курти“, пренесува „Спутник“.

Москва ги повикува Приштина и САД и ЕУ, кои стојат зад неа, да престанат со провокациите и да ги почитуваат правата на Србите на Косово.

Слични содржини