Москва наскоро ќе одговори на санкциите на Европската унија, објави во вторникот постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов.
Тој додаде дека станува збор за еднострано ограничување кое не може да донесе резултати, освен што Русија ќе преземе реципрочни мерки.
„Можам да кажам дека тоа ќе се случи повторно сега“, рече Чижов во интервју за ТВ Русија-24, како што објави агенцијата ТАСС.
„Однесувањето на ЕУ ги води односите со Русија во ќорсокак, во кој што подалеку отидеме, ќе биде потешко да се излезе“, рече Чижов.
Европската унија денес воведе нови санкции во рамките на новиот глобален режим за „кршење на човековите права“ против четворица руски државјани, поради апсењето на Алексеј Навални, се вели во документот објавен во Службен весник на ЕУ.
Санкциите стапуваат на сила на денот на објавувањето.