Москва: Лавров и членовите на делегацијата добија визи за Генералното собрание на ОН

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и голем број членови на руската делегација кои ќе присуствуваат на 77-та сесија на Генералното собрание на ОН денеска добија американски визи за посета на Њујорк, каде што се наоѓа седиштето на ОН, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи.

„Денеска му беа издадени визи на Лавров и на некои членови на неговата делегација“, изјавија од Министерството за ТАСС.

Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека должност на САД и на генералниот секретар на ОН е да обезбедат учество на сите делегации во Генералното собрание на светската организација.

Слични содржини